"РЕФАН БУГАРИЈА" со престижна награда Golden European Award 2016 година

четврток, 31 март 2016

"РЕФАН БУГАРИЈА" со престижна награда Golden European Award 2016 година

На престижна церемонија во Барселона пред претставници на светски компании со меѓународно значење "Рефан Бугарија" и нејзиниот управител Ангел Попов повторно добија уште едно големо признание на 27 март. На одржаната  Конференција на лидери познатата во целиот свет бугарска компанија беше удостоена со Европската награда за квалитет и бизнис престиж - Golden European Award. Минатата година наградата беше за Turkish airlines, а оваа година дојде во Бугарија преку REFAN. Признанието се доделува во пресрет на 25-годишниот јубилеј на фирмата, неколку дена по нејзинот Одликување  со наградата за "Меѓународно признание" на Vip Bussines Award 2016 година

Европската награда Golden European Award ги наградува  европските  компании со докажан успех и авторитет, кои во својата пракса се залагаат за вредности како интегритет, соработка, меѓусебно почитување, алтруизам и етика. Ова меѓународно признание за "Рефан Бугарија" е заслужено и e резултат од успешно позиционирање на брендот на 5 континенти, благодарение на разработениот флексибилен франшизов модел,  кој ја докажал   својата економска ефикасност преку изградената  мрежа од над 400 бутици во 28 држави. Бугарската козметичка фирма е широко популарна меѓу корисниците поради своите квалитети, природни состојки, пристапни цени и богата палета на производи. "REFAN" е носител на најпрестижната Меѓународна европска награда од Париз на Global Trade Leaders 'Club за квалитет на понудените производи и услуги, на наградата на Германската економија во Бугарија и наградата за "Глобални достигнувања за подобрување на квалитетот на понудените производи" и на три награди Forbes: за "Развој на семеен бизнис", "Просперитетен и одржлив бизнис" и "Специјална награда за квалитет".