Парфимерија

Основниот дел од парфемните производи, произведени од фирмата се парфемни води. Сите парфемни води имаат броеви. , се нудат над 230 вида на парфемни води.
Сите парфеми се класифицирани според нивниот носечки мирис во табела.
Во неа се наведени соодветните броеви парфеми од Рефан.
Разновидноста на парфемите е толку голема што класифицирањето понекогаш е тешко и многузначно.

Женските парфеми се распределуваат во неколку големи групи:
- Цитрусни - во оваа група место заземаат парфеми со свеж, лесен, цитрусен и цветен мирис.

- Групата "Цветни" е најголемата во светот на женската парфимерија. Парфемите во неа имаат цветен мирис како главна тема. Тие се поделени на неколку подгрупи во зависност од нивните нијанси во мирисот. На пр. овошни, водни, зелени, итн

- Групата на ориентални парфеми се поврзува со мирисите од Истокот - егзотични зачини, ванила, балсами од Арабија и Индија.

- Другата голема група се дрвенести или кипрови парфеми. Нив ги обединува акордот од цитрус, дабов мов и пачули.

Машките парфеми исто така имаат своја класификација. Тие се делат исто на четири големи групи:
- Првата повторно е цитрусна - свежи, цитрусни парфеми со дрвенеста база.

- Ароматчни парфеми - овие парфеми во парфимеријата, интерпретираат класичен акорд меѓу лавандата, дабовиот мов и една од првите синтетички материи - кумаринот.

- Дрвенестите парфеми се најголемата група. Кај нив карактеристични се миризбите на кедар, сандал, пачули и ветивер. Поделени се во подгрупи - водни, зачинети итн.

- Ориeнталните, слично на женските, се со ориентални звуци и содржат ванилести, амброви и зачинети ноти.




Downloads

Near Refan Store

Колумбија
Calle
Calle 36N # 6A – 65 Local 209 C.C. Pacific Mall
4,129.00 km.