
Допирот на Розата
Дејство на активните состојки во серијата
Oрганска Розова вода од Rosa Damascena - целосно природен производ со прочистувачко и тонирачко дејство за секаков тип на кожа. Го поддржува pH балансот, ја стимулира обновата на кожата и има смирувачки ефект кај акни и сончеви изгореници. Ја потхранува и хидрира сувата и чувствителна кожа
* Органската Розова вода се добива од еколошки чиста област, во срцето на розовата долина во Бугарија.
Провитамин Б5 / е- пантенол / - ја хидрира кожата, ја стимулира епителизацијата, дејствува антиинфламаторно. Игра суштинска улога во метаболизмот на клетките.
Какао путерот е природен стимуланс – го забрзува клеточната размена, ја подобрува влагата, дава сјај и мазност и ја одржува еластичноста на кожата.