
Дејство на активните состојки во серијата
Mасло од маслина-Најскапоцениот квалитет на е високата содржина на витамин Е и антиоксидантните својства. Toa го прави прекрасно средство во борбата со слободните радикали и предвременото стареење на кожата. Богато е со мононезаситени масни киселини, кои дејствуваат хидратирачко, омекнувачко и ја подобруваат еластичноста на кожата.
Концентратот од јогурт - навлажнува, омекнува и ја измазнува сувата и проблематична кожа, бидејќи има висока содржина на липиди, протеини, минерали и витамини. Воспалената и зацрвенета кожа се смирува,а сувата и груба кожа се измазнува. Кожата станува мазна и еластична, хидрирана во длабочина и ја враќа сатенската мекост.
Маслото од како поседува уникатни козметички својства. Тоа е природен стимуланс –ја забрзува клеточната размена, ја подобрува хидратацијата, дава сјај и мекост и ја поддржува еластичноста на кожата.
Провитамин Б5 /Д- пантенол / - ја хидрира кожата, ја стимулира епителизацијата, дејствува противвоспалително. Игра суштинска улога во метаболизмот на клетките.
Бадемовото масло смирува, омекнува и ја измазнува кожата.
Соиното масло ја воспоставува епидермална бариера и ја зголемува влагозадржувачката способност на кожата и има изразено регенеративно дејство.