Специјализирани сапуни

Сапун Свештеното езеро#5323

Сапунот содржи лековита кал од Мртво море кое всушност е најниското неистечно езеро на Земјата.  Содржината на соли во неговата вода е над 30 %, приближно десет пати посолено од океаните. Уникатната минерална содржина му ја донело и славата на лековит извор.
Црната кал,  добивана од Мртво море се образувала од пластови кои се таложеле илјади години. Во нејзиниот природен вид таа е црна, фина, мрсна и леплива маса. Содржи органски материи, помешани со минерали и соли од морето. Во неа се откриени микро и макроелементи – калциум, магнезиум, органски азот, натриум, железо, бакар, селен, литиум и др. кои имаат благотворно дејство врз човечкиот организам. Калта ги стимулира регенеративните процеси, го подобрува метаболизмот, делува хипоалергички и антисептички. Нејзината богата содржина од сулфур и микроелементи го пополнува кожниот дефицит при кожни болести.
Калта се влага во сапунот без преработка, при што се зачувуваат максимално нејзините високи дерматолошки својства. Во сапунот таа осигурува нежно ексфолирање, преку кое се отстрануваат мртвите клетки на кожата и се почистуваат порите. Абсорбирајки го себумот, таа ја ревитализира и освежува. Со својата богата содржина од минерали, калта помага за подобрата хидратација на кожата.
Сапунот Свештеното езеро е едно современо средство кое осигурува хигиена и грижа за кожата.
120 g




Специјализирани сапуни

Downloads

Нај-блиската продавница

Македонија
Скопje
Аеродром спроти