
Стресот е дел од животот на современиот човек и тешко може да се избегне. Во секојдневието се судираме со разновидни ситуации кои се поврзани со напнатост и можат да ги нарушат нормалните ментални и физички функции на нашиот организам. А тоа неизбежно се одразува на состојбата на нашата кожа. Под влијание на хормонот на стресот кожата ја менува својата свежа боја и стекнува уморен и остарен изглед. Стресот не може да се избегне, но може да најдеме начини да го намалиме неговото негативно влијание и полесно да го совладаме. АНТИСТРЕСОТ е нова козметичка серија на РЕФАН, која ќе ви помогне. Нејзиниот ефект врз стресот почнува веднаш со пријатен мирис на цитрусено овошје, кој напоменува за лето и релаксација. Ги комбинира во себе мирисот на цвет од лимон, сладок портокал и свежината од јаболко, кои позитивно делуваат на сетилата. Квалитетите на козметичката серија АНТИСТРЕС се должат на екстрактот од билката вербена и етеричното масло од портокал.
Вербената е широко користена во козметиката. Позната уште од античноста како билка која го зајакнува нервниот систем и ги ублажува напнатоста и стресот со мирисот од лимон разбудувајќи ги духот и телото. Екстрактот од вербена има добар ефект врз кожата - станува мазна и мека. Овој ефект се дополнува од етеричното масло од портокал кое и дава на кожата свежина и тонус. Неговата освежувачка арома делува позитивно на нервниот систем, ја опушта свеста по секојдневниот стрес и ги буди сетилата. Козметичката серија АНТИСТРЕС содржува производи за телото: креми за лице, раце и тело, шеќерен ексфолијант за тело, гел за туширање, пилинг сапун-сунѓер и рачно изработен сапун на килограм. Нивното користење може да внесува свежина и задоволство во нашето секојдневие и непријатните влијанија од стресот да ги држи далеку од нас. Се препорачува за време на летните месеци да не се користи врз кожа незаштитена од производ за заштита од сонце.