Vitamin C

Витамин С одамна го привлекува вниманието на козметолозите, а откритијата во последните години потврдуваат дека игра значајна улога во зачувувањето на убавината и здравјето на кожата. Тој учествува во сите процеси кои се случуваат во кожата  - растеж, обновување на соединувачкото ткиво, заштита од штетните влијанија  на околната средина, заздравување на раните, синтеза на колаген, кој го спречува предвременото стареење на кожата. Активно го потиснува изработувањето на меланин , при што на тој начин го намалува формирањето на пигментни дамки и пеги. Прекрасно ја избелува кожата.

Витамин С е моќен антиоксидант, кој ги сврзува слободните радикали, кои се формираат под дејство на околната средина и како резултат на физиолошките процеси во организмот. Има уникатни заштитни својства. Содржината му е значително помала во кожа која е повредена од сонце, отколку во нормална, затоа што тој се троши за спречување  и неутрализирање на негативното дејство на сончевите зраци.

Губејки витамин С, кожата губи од својата мазност, еластичност и младост. Но, во чист вид витамин С е исклучително нестабилен. Не издржува на дневна светлина, воздух, и висока температура. Се раствора лесно во вода, но брзо оксидира во воден раствор под  дејството на воздухот и светлината. Поради тоа неговото вклучување во составот на сретствата за грижа на кожата долго време беше проблем. Формите, под кои се влагаше, беа или нестабилни, или малку ефективни. Денес, како резултат на научните проучувања и новите технологии, веќе е добиена нова форма на аскорбинска киселина која се раствора во масти. Ова откритие овозможи успешно вклучување на витамин С во современата козметика, при што се зачувува неговата активност преку целиот период на траење на козметичките продукти.

Серијата производи за лице со витамин С со трговската марка REFAN содржат стабилна, маслорастворлива форма на витамин С, којашто:

  • Има многу добра апсорпција преку кожата
  • Ја инхибира активноста на внатреклеточната тирозиназа и меланогенезата (избелување)
  • Ја намалува UV- индуцираната повреда на ДНК на клетката (UV заштита / анти-стрес)
  • Ја спречува липидната пероксидација и стареење на кожата (антиоксидант)
  • Ја повишува синтезата на колаген и заштита на колаген (против стареење)

Дневниот крем ја штити кожата од УВ- зраците и штитејки ја од формирањето на слободни радикали, се бори со предвременото стареење.

Ноќниот крем ја закрепнува кожата преку ноќта и се бори со образувањето на брчки.

Серумот за лице е со докажано избелувачко дејство. Нанесен под дневниот и ноќниот крем, како и самостојно, ја намалува пигментацијата на кожата . Базиран целосно на природни состојки, тој дејствува не само избелувачки, но и ја регенерира кожата.




Downloads

Нај-блиската продавница

Македонија
Штип
Ванчо Прќе 71