SNAIL PERFECTION


Екстракт од полжави- ефикасно средство во борбата со стареењето

Во забрзаното секојдневие не забележуваме како се појавуваат првите мали брчки, опуштената кожа и загубата на хомогениот тен. За да го вратиме часовникот и да го забавиме стареењето на кожата, користиме различни средства. Едни од најефикасните се покажуваат овие, позајмени од природата. Таков е и екстрактот од полжави. Едно од неговите основни својства е да ја активира кожата. Неговите основни компоненти се:

  • Алантоин- ја хидрира кожата со повишување на содржината на вода во неа, го потпомага одделувањето на мртвите клетки и ги намалува воспаленијата
  • Колаген и еластин- ја подобруваат еластичноста на кожата и ги намалуваат фините линии
  • Гликолова киселина- ја ексфолира кожата
  • Хиалуронова киселина- го активира делењето на клетките и обновувањето на кожата, ги намалува брчките, придава форма на кожата која старее, ги хидрира ткивата во длабочина
  • Протеини- ја омекнуваат кожата
  • Витамин Е- моќен антиоксидант, ја заштитува кожата од слободните радикали

Богатството од активни компоненти во екстрактот од полжави ги стимулира клеточните функции, ја засилува синтезата на протеини и регенерирањето на кожата, го забавува стареењето.




Downloads

Near Refan Store

Колумбија
Calle
Calle 36N # 6A – 65 Local 209 C.C. Pacific Mall
4,129.00 km.