
Обезбедува целосна палета на козметички производи за чувствителна кожа врз основа на розови производи - розово масло, розов конкрет и Розова вода.
Розово масло- Дејствува како многу моќен афродизијак, особено кај жени со емоционални пореметувања, кои водат до сексуални проблеми. Погодна е за сите типови на кожа, но најмногу се препорачува за сува, чувствителна и постара кожа. Има тонизирачки и затегнувачки ефект врз капиларите, како и врз циркулацијата на крвта како целина, што го прави многу соодветно при зацрвенета кожа. Погодно е при дерматити и егземи. Дејствува противвоспалително и заздравувачко и при сончеви изгоретини.
Розова вода - дејствува антисептично и закрепнувачки. Ја тонизира и освежува кожата на лицето, ја подобрува циркулацијата и одржува водениот баланс во размената и метаболизмот на кожата.
Розов конкрет–се добива од свежите розови цветови преку екстракција. Во неговиот состав влегуваат над 166 компоненти. Има противвоспалителни, регенерирачки и заздравувачки квалитети. Делува омекнувачки и измазнувачки врз кожата.