MEN PERFECTION

Градската средина станува се повеќе и повеќе загадена и предизвикува големи оштетувања на кожата со јавни последици, а тоа наложува потребност од нејзина заштита. Иноваторите на REFAN предлагаат решение, а тоа е новата машка козметичка серија Men perfection. Нејзината висококвалитетна активна состојка - LanacitynTMPF-предлага адекватна заштита против загадување на животната средина, ги фаќа честиците прав и ги одржува природните системи на детоксикација на кожата. Извршените испитувања покажуваат, дека LanacitynTMPF обезбедува и заштита против цигарениот дим. Го подобрува сјајот и тонусот, ја намалува трансепидермалната загуба на вода од кожата. LanacitynTMPF е комбинација од хидротермална бактерија Alteromonas мacleodii и екстракт од хризантема. Alteromonas macleodii е микроорганизам кој живее во исклучително токсични услови на  екстремни температури, а екстрактот од  хризантема ја има способноста да го  надминува оксидирачкиот стрес. Комбинацијата од хидротермална бактерија Аlteromonas macleodii, екстракт од хризантема и вода од цвет на ружа во козметичка серија Men perfection изградува заштитен систем кој  гарантира целосна заштита против загадениот воздух.

Новата машка козметичка серија Men perfection на REFAN вклучува: дневен флуид за лице, ноќен флуид за лице, афтершејв, крем околу очи и шампон  туш-гел. Производите за лице се паковат во иновативен Аirless шишенце, лесно за дозирање и употреба. Истото не дозволува загадување на содржината и ги штити состојките од контакт со воздухот и од светлоста со цел да ги заштити трајноста и квалитетите на консистенцијата максимално долго. Благодарение на специјалната помпа се искористува целата содржина на паковањето без никаков остаток.




Downloads

Near Refan Store

Колумбија
Calle
Calle 36N # 6A – 65 Local 209 C.C. Pacific Mall
4,129.00 km.